Утрински Весник
Скопје

Општина Карпош: ЈП „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ да се однесуваат одговорно и да ги исполнуваат своите законски обврски

20250513093803 big 730x400 80.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници.

Во саботата, на 10 мај, сите вработени од општината беа вклучени на генерално чистење на целата територија на општината.


Во текот на вчерашниот ден секторот за екологија изврши темелно расчистување на тревниците од сува трева, искршени гранки, пластики, камења и друг отпаден материјал како и чистење на собирните и станбените улици од насобраниот смет покрај рабниците на тротоарите. Ова темелно чистење во текот на вчерашниот ден беше спроведено во Карпош 3, денеска екипите го расчистуваат Карпош 4, а во текот на утрешниот ден оваа активност ќе се спроведе на територијата на Карпош 1 и Карпош 2.

Ги повикуваме граѓаните максимално да придонесат кон подобрување на хигиената особено на тревните површини. Посебно напоменуваме дека општината веќе изврши три косења на блоковското зеленило, но за жал, обврската што ја има ЈП „Парокови и зеленило“ за одржување на булеварското зеленило не го извршува согласно потребите на граѓаните и парите што ги добиваат со наплатата на сметките од граѓаните на општина Карпош. Упатуваме апел до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ да се однесуваат одговорно кон средствата што ги добиваат од граѓаните на Карпош и да ги исполнуваат своите законски обврски.

Можете да прочитате

Девет лица приведени во Скопје поради поседување дрога

Украдена бистата на Вера Јоциќ во Скопје

Жичарницата на Водно затворена поради силен ветар