Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓаат нови врнежи, грмежи и невреме!

Meteoalarm.mk 44.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на плитка долина со поладен воздух во висина, денес (13 мај вторник) во нашата Република Македонија ќе дојде до ново дестабилизирање на атмосферата и појава на врнежи од дожд на повеќе места и тие ќе бидат проследени со грмежи , како и со засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално атмосферските процеси можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град.


Апелирам, во случај на појава на невреме и на електричлни празнења, да се избегнува претстој на отворено, особено во близина на осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните автомобилите да ги заштитат, тоа значи да не ги ставаат бо близина на дрвјата, особено под оние осамените.

И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за развој на грмотевични облаци од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите остануваат без поголеми промени, што значи ќе бидат пониски од оние кои ги имавме изминатиот период, кога беше многу потопло. Уште поголем пад на температурите  и многу повеќе врнежи очекувам од крајот на оваа работна седмица. Тогаш, поради падот на температурите на воздухот, на високите планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а температурите ќе бидат далеку потпросечни за месец мај.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување на невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола