Утрински Весник
Македонија

Најтешкиот ден во животот на Мицкоски – видете кога бил?

496296890 1290777282404195 3588403891488691026 n.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски ја опиша ноќта на 16 март, кога се случи трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, како најтешкиот момент во својот живот. Во пожарот и последиците од него згаснаа 62 млади животи, а тој, како што рече, бил принуден за само неколку часа да донесе клучна одлука за животот на десетици повредени.

Во своето вчерашно обраќање на Самитот „Македонија 2025“, Мицкоски се присети на драматичните моменти кога морал да одлучи дали тешко повредените ќе се лекуваат во домашните болници или ќе бидат префрлени во странство.


„Јас имам 47 години, но кога би анализирал кој бил најтешкиот ден во мојот живот, тоа беше тој ден“, рече премиерот, опишувајќи го моментот кога, во 3:30 по полноќ, човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи тропал на неговата врата, бидејќи тој не го слушнал телефонот.

„Се совземав веднаш и ги повикав луѓето од мојот тим да тргнеме за Кочани. Во 5 часот веќе бевме таму. Тоа беа моменти кога требаше да се одлучи брзо, но мудро. Медицинските експерти велеа дека пациентите не смеат да се транспортираат, но и дека ако останат – ризикот од смртност е огромен“, објасни Мицкоски.

Премиерот додаде дека морал да одлучува и во контекст на сложените односи со некои соседни држави, но дека во тој миг политиката ја ставил на страна, а приоритет му било спасувањето на човечки животи.

„Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни. Кога прашав што ако останат тука, ми одговорија дека ќе имаме повеќе жртви. Размислив неколку секунди и реков – спремете ги пациентите, веднаш да се транспортираат. Еден од нив рече: ‘Тоа е на ваша одговорност’, а јас реков: ‘Да, на моја одговорност’.“

Благодарение на таа одлука, првите 50 пациенти беа итно префрлени на лекување во странски болници. Подоцна, пристигна и дополнителна помош од повеќе земји, со што се овозможи подобра нега и третман за повредените.

Мицкоски нагласи дека таквите моменти се тест на човечноста и лидерството, и изрази сочувство до семејствата на загинатите и благодарност до сите кои помогнале во најтешките часови за државата.

Можете да прочитате

Kрис Павловски за премиерот Мицкоски: Одлична личност и домаќин кој прифаќа идеи

Петрушевски: Законот на СДСМ за Кочани е неприменлив и политички мотивиран, не е во интерес на граѓаните

Таравари: Доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму