Утрински Весник
Македонија

Познато името на докторот кој е пријавен дека допирал девојче, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Toksikologija 4.jpeg

Иса Муча е името на докторот на Клиниката за токсикологија кој синоќа бил пријавен од дечко на пациентка за сексуално вознемирување врз неа, пишува. „Слободен печат“. Дошла полиција на Клиниката и сите давале изјави.

Доктор Муча за „Слободен печат“ вели дека пациентката лажно го пријавила и тоа не лично, туку преку некој нејзин близок, најверојатно вереник.


-Пациентката дава невистинит податок. Има камери, се нека видат и нека прегледаат, нема врска со вистината тоа што таа го изјавува. Агитирана е дали е под дејство не знам. Меѓутоа тој што ѝ се претставува како вереник е тој што го пријавува настанот и синоќа дојде полиција во Клиниката и сите дававме изјави. Всушност, се обидуваат да ме наместат но за среќа јас прегледот го извршив во присуство на специјализантка и на медицинска сестра кои што дадоа изјава така како што беше. Немало никакво неприкладно однесување од моја страна. Доказите ќе покажат, има камери. Ме обвинува дека сум ја злоупотребил кога сум ја прегледал, дека не сум ја прегледал како што треба. Тоа е страшно, јас работам 13 години и нема нешто такво. Пациентката беше со корозивна интоксикација, со претходно труење со киселина и примена во претходната смена. Јас бев долу, а таа била примена на интензивна нега на горниот спрат. Дојде сестра да ме повика, дека пациентката била вознемирена. Се качивме сите горе истрчавме, аплициравме терапија. Јас не сум луд да правам такви работи, изјавил за „Слободен печат“ доктор Муча.

Можете да прочитате

ЕУ поблиску за Албанија и Црна Гора, останатите да ги засилат реформите вели Кошта

Јаневска: Во Штип, Битола и Скопје ќе ги користиме амфитетарите на универзитетите за полагање на државна матура

Проблематичен ученик од Карпош ја нападнал и гризнал наставничката