Утрински Весник
Македонија

СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани: Па покажеме човечност

Kristina Kostova Pres.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ:

Почитувани граѓани, 


Секој збор е мал кога се соочуваме со загуба каква што ја доживеа Кочани, роднините и семејствата на настраданите.  Секој обид за утеха е тивок пред тагата на семејствата што изгубија сѐ. 

Но, како луѓе, како општество, имаме обврска – да покажеме дека сме тука за нив кога им е најтешко.

Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани што го поднесовме е чин на солидарност, човечност и грижа.

Законот содржи вистински решенија за помош и поддршка, не за политички поени. 

Искрена е намерата да помогнеме – на оние кои останаа без најблиските, на оние кои се повредени, на оние кои денес се борат и со физичка и со душевна болка.

Законот предвидува:

-директна финансиска поддршка за семејствата на настраданите,

-помош за повредените, вклучително и оние со долгорочни последици,

-поволности за децата кои поради лекување се отсутни од настава,

– мерки за здравствена, социјална и заштита во делот на работните односи.

Овој закон ги опфаќа и семејствата од претходни тешки трагедии – Тетово, Ласкарци, Беса Транс, а со цел институционално да се постави фер, човечки однос на грижа за жртвите и нивните семејства.

Нема закон што ќе ја избрише тагата. Но, со израз на солидарноста и грижата мора да покажеме дека државата не ги игнорира, туку знае да застане зад своите граѓани кога им е најтешко. Дека институциите знаат да бидат со своите граѓани – не со зборови, туку со дела.

Почитувани,

За трагедијата во Кочани мора да има правда, одговорност, но и институционална, државна поддршка на сите на коишто им е потребна и неопходна.

Во СДСМ веруваме дека кога станува збор за солидарноста и за човечката грижа, не смее да има партиски разлики, ниту политички поделби.

Затоа, уште еднаш ги повикуваме пратениците од владејачката партија: да го преиспитаат својот став, да се издигнат над политиката и да дадат поддршка за ова законско решение.  

Да ја потврдиме најважната вредност – дека сме луѓе и дека можеме заедно да направиме нешто кога е најтешко.

Подготвени сме да прифатиме и предлози за модификација на законското решение од владејачкото мнозинство. Нека биде и заеднички предлог. Да покажеме дека знаеме да бидеме на иста страна на солидарноста.

Повикуваме на разум, на човечност и на единство – за Кочани, за родителите на семејствата на настраданите, за секоја мајка, за секој родител, за секој човечки живот.

Можете да прочитате

Меѓународен научен собир „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“

Следува продор на многу поладен бран во Македонија кој носи ладно време, многу дожд и снег!

Медиумски takeover ден посветен на важноста на семејството во животот на секое дете