Утрински Весник
Македонија

Вистински резултати во борбата против корупцијата нема да се постигнат со поединечни случаи, туку со целосно менување на системот, смета Филипче

Venko sitel 1 2.jpg
Dik 300x250 mk

Осврнувајќи се на владеењето на правото и борбата против корупцијата, претседателот на СДСМ, Венко Филипче во емисијата Полиитканти порача дека е потреба целосна промена на системот особено во делот на избор на соодветни кадри.

„Сметам дека вистински резултати нема да се постигнат само со поединични случаи, туку со целосно менување на системот согласно планот за раст, реформската агенда, промената на законите, да дојдеме до вистински систем за селекција на кадри на сите нивоа, а не само во правосудството“ порача Филипче.


Тој истакна дека СДСМ ги поддржува институциите да работат професионално и независно, но дека ќе се спротивстави на секаков вид на политичко влијание.

„Апсолутно ја поддржуваме борбата против корупцијата и криминалот, но, најсериозно и најсилно и најостро ќе реагираме ако гледаме дека има политички влијанија, рече Венко Филипче.

Можете да прочитате

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел

Зимски ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме голема предност пред вториот круг, очекуваме убедлива победа