Утрински Весник
Свет

Трамп по предлогот на Путин за преговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп во врска со предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за директни преговори меѓу Москва и Киев, изјави дека тоа би бил „потенцијално голем ден за Русија и Украина“.

„Помислете на стотиците илјади животи што ќе бидат спасени ако се надеваме дека ова бесконечно „крвопролевање“ ќе заврши. Тоа ќе биде сосема нов и многу подобар свет. Ќе продолжам да соработувам со двете страни за да се осигурам дека тоа ќе се случи. САД сакаат наместо на тоа (војна) да се фокусираат на обнова и трговија. Пред нас е голема“, објави Трамп на Трут Соушл.


Рускиот претседател Владимир Путин синоќа на прес-конференција предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, „без никакви предуслови“ на 15 мај во Истанбул.

Тој рече дека лично ќе му се обрати на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да ги организира преговорите.

Рускиот лидер додаде дека Русија е фокусирана на водење сериозни преговори со Украина за да се отстранат основните причини за конфликтот

Можете да прочитате

ШОУ СО 7.000 ДРОНОВИ И ПОЗНАТИ ЅВЕЗДИ НА СЦЕНА! Македонскиот оркестар FAME’S настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток

Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција