
Соопштение на СДСМ – реакција на изјавата на Максим Димитриевски
Големиот корупциски скандал ја разоткри вистината, Максим Димитриевски ја злоупотреби ЗНАМ за свои бизнис зделки.
Истиот човек кој гласно обвинуваше за криминал и ја обележуваше ДУИ како најголем проблем е фатен како соработува токму со нив – во криминал.
ЗНАМ никогаш не беше автентична политичка понуда. Таа постои за две цели: да биде продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и да му служи на Димитриевски како алатка за остварување а неговите бизнис интереси.
Граѓаните и членовите на ЗНАМ сега со право се чувствуваат изневерени и оттука е големата нервоза кај Димитриевски.
Наместо прозивки за СДСМ, после корупцискиот скандал Димитриевски нека се подготви за соочување со одговорноста пред истражните и судски органи.
Што се однесува до враќањето на членовите на ЗНАМ во СДСМ, тоа е веќе започнато.
Прогрес на македонската политичка сцена и вистински напредок на државата ќе има само кога од македонската политика ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја сфакаат и користат само за да украдат макар и еден пар чизми.