Утрински Весник
Македонија

(Видео) Напаѓачот од Штип со BMW проби патарина – полицијата пукаше по возилото

Retro eglenceli kadin konusma kartvizit.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вечерва во кафуле во Штип се случил вооружен напад во кој едно лице е повредено. Според неофицијални информации за 24 Инфо, напаѓачот по инцидентот избегал со возило марка BMW. Очевидци велат дека тој излегол од кафулето и набрзо заминал во непознат правец.

Возилото било забележано кај патарината Миладиновци, каде што напаѓачот не застанал на „стоп“ знак на почивијата, ја пробил рампата, и продолжил да вози со голема брзина. Полицијата реагирала веднаш и отворила оган кон возилото во обид да го запре.


Истото BMW, кое очигледно е оштетено и истунбано, е пронајдено пред влезот на ТИР-зоната во Миладиновци. Засега нема информации дали напаѓачот е фатен или се уште е во бегство.

Повреденото лице од кафулето е префрлено во болница, а неговата здравствена состојба засега не е позната.

Полицијата работи на расветлување на случајот и деталите се очекуваат по официјалната изјава од МВР.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе