Утрински Весник
Македонија

Апасиев од Москва: „Некој со Трамп од задњи ред, некој на парада со покана во Москва“

484567537 1122821109644102 668847777398675500 n.jpg

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, самиот објави дека пристигнал во Москва, каде утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата. Веста ја сподели преку социјалните мрежи, објавувајќи: „Не сум светски лидер, ама слетав во Москва“.

Неговото патување, според информациите, е резултат на официјална покана за присуство на воената парада што традиционално се одржува на Црвениот плоштад во руската престолнина на 9 мај. Апасиев постираше и фотографија од поканата, истакнувајќи:


„Некој од задњи ред кај Трамп, некој со официјална покана за воената парада на Црвениот Плоштад“, алудирајќи на неодамнешната посета на премиерот Христијан Мицкоски на САД, каде учествуваше на настан со поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Апасиев и во минатото јавно го искажувал ставот дека Македонија треба да води независна надворешна политика и да остварува соработка не само со САД, туку и со Русија и Кина.

Посетата се случува во време кога Москва е под зголемена безбедносна закана. Деновиве се регистрирани напади со беспилотни летала од страна на украинските сили насочени кон Москва, во период кога градот се подготвува за големата прослава. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека земјата не може да гарантира безбедност на странски делегации кои ќе присуствуваат на настанот, иако експерти оценуваат дека напад врз главниот град на Русија на 9 мај е малку веројатен – но не и целосно исклучен.

Денот на победата се одбележува секоја година како спомен на победата на Советскиот Сојуз над фашизмот во Втората светска војна.

Можете да прочитате

Потпретседателот на Левица положи цвеќе по повод 80 години од победата над фашизмот

Филипче: Јавно ги повикувам ВМРО ДПМНЕ да го разгледаме и поддржиме Законот за Кочани

„Максим ве искористи“ претседателот на ОО СДСМ Куманово со порака до членовите на ЗНАМ