Утрински Весник
Свет

Полски европратеник ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Screenshot 2025 05 08 093542.jpg

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали знамето, ги избриша чевлите од него.


Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.

Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година, кога како член на полскиот парламент, тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа