Утрински Весник
Македонија

Првата линија од „Градски воз” можно е да профункционира до крајот на годинава

Voz 2.jpg

Првата линија на „Градски воз” од Зелениково, преку Драчево, Аеродорм и Кисела Вода па се до железничка станица Скопје, очекувам да биде во функција до крај на годината. Се работи за голема инвестиција од педесетина милиони евра вкупно за трите градски линии. Но имаме сериозна агенда и брзо ќе ја реализираме, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во интервјуто за ТВ Сител.

“Она што го зборувавме за проектот “Градски воз” е во реализација, заврши физибилити студијата. За да се реализира целиот прстен како што е замислен со три полукругови, потребни се нeкаде околу педесетина милиони евра. Дел од тие средства се обезбдени во буџетот за оваа година и ЈП Железници Инфраструктура во многу скоро време, за месец дена ќе објави тендер за изградба и рехабилитација на најголемиот дел од инфаструктурата која што ќе се користи. Тоа ќе биде линијата од Зелениково, преку населбата Драчево, ја поставува границата кон населбите Аеродром и Кисела Вода и завршува на новата железничка станица. Очекуваме до крај на годината да е готова, многу брза агенда имаме и прва делница Зелениково-Драчево-Аеродром-Кисела Вода- железничка Скопје да имаме пред нова година. Паралелно ќе ги работиме и другите два прстени” објасни вицепремиерoт Николоски.


Паралено на ова се работи и на постапката за набавка на 120 нови еколошки автобуси, додаде тој.

“После тоа ќе направиме синергија со ЈСП. На барање на Град Скопје и останатите општини во финална фаза сме на подготовка на тендер за набавка на 120 еколошки автобуси од кои 80 за Градот Скопје. Кога ќе ги споите градски воз и нови модерни автобуси, јавниот превоз во Скопје ќе биде на повисоко ниво отколку што е сега и очекувам резултатите да бидат до крај на оваа или почетокот на следната година” – додаде вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

Потпретседателот на Левица положи цвеќе по повод 80 години од победата над фашизмот

Филипче: Јавно ги повикувам ВМРО ДПМНЕ да го разгледаме и поддржиме Законот за Кочани

„Максим ве искористи“ претседателот на ОО СДСМ Куманово со порака до членовите на ЗНАМ