Утрински Весник
Економија

Трошоците растат – Угостителските услуги во март повисоки за 4,4 проценти споредено со лани

Restoran 1.jpg

Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 0,1 процент во однос на претходниот месец, а за 4,4 проценти споредено со април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

MK Summit

Анализирано по групи, цените во угостителството,  во  април 2025 година во однос на март 2025 година се зголемени за 0,2 проценти кај Храна, за 0,1 процент кај Алкохолни пијалаци и за 0,1 процент кај Безалкохолни пијалаци. Во групата Ноќевања не е забележана промена на цените.


ДЗС соопшти дека кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период од минатата година е 105.8, додека во однос на декември 2024 година е 101.0.

Можете да прочитате

Онлајн купувањето руши рекорди: Македонците потрошиле 530 милиони евра за половина година

ИСТРАЖУВАЊЕ НА EOS МАТРИХ ОТКРИВА: Расте бројот на лица на кои им е потребна поддршка за да ги исплатат долговите

Од полноќ поевтин бензин и поскап дизел