Утрински Весник
Свет

Анкета на ЈуГов: Трета светска војна е веројатна за пет до десет години

20250506090633 big 730x400 59.webp.webp

Анкета по повод 80-годишнината од Денот на победата во Европа покажува дека многу Американци и Западноевропејци веруваат дека Трета светска војна е веројатна во следните пет до десет години, а тензиите со Русија се сметаат за најверојатна причина.

MK Summit

Според резултатите од анкетата на ЈуГов (YouGov) спроведена во пет европски земји: Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија, помеѓу 41 и 55 проценти од испитаниците веруваат дека можноста за избувнување на трета светска војна во следните пет до десет години е многу или прилично веројатна, додека 45 проценти од Американците го делеле истото мислење, пишува Гардијан.


Мнозинството, од 68 до 76 проценти, веруваат дека секој нов конфликт би вклучувал употреба на нуклеарно оружје, додека помеѓу 57 и 73 проценти веруваат дека Третата светска војна би довела до поголема загуба на животи отколку Втората светска војна.

Од 25 до 44 проценти веруваат дека војната би можела да го уништи поголемиот дел од светската популација.

Русија најчесто се смета за најверојатна причина за нова светска војна, а веднаш до неа, најчеста причина е тероризмот.

Многу Европејци сè уште се загрижени за односите со САД, а мнозинството во Шпанија (58 проценти), Германија (55 проценти) и Франција (53 проценти) веруваат дека тензиите со САД претставуваат сериозна или умерена закана за мирот на континентот.

Помеѓу 31 процент во Шпанија и 52 проценти во САД веруваат дека е можно во нивните земји да се повторат „злосторства како оние извршени од нацистичкиот режим во Германија во 1930-тите и 40-тите години“.

На прашањето кој направил најмногу за да се победат нацистите, помеѓу 40 и 52 проценти во петте земји рекле дека тоа биле САД, додека во Велика Британија 41 процент рекле дека тоа била нивната земја.

Прашањето за мировните операции по војната покажа дека мнозинството испитаници, од 52 до 66 проценти, веруваат дека НАТО најмногу придонел за мировните операции, додека помеѓу 44 и 60 проценти веруваат дека ООН и ЕУ, исто така, дале значаен придонес.

Можете да прочитате

Фридрих Мерц е избран за нов германски канцелар

Најмалку 48 загинати и 142 ранети во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Русија и Украина разменија по 205 воени заробеници