Утрински Весник
Свет

Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање

20250506103316 big 730x400 61.webp.webp

Фридрих Мерц денеска не беше избран за следен канцелар на Германија во првиот круг гласање во парламентот, бидејќи не освои апсолутно мнозинство.

Конзервативниот лидер доби 310 гласа во 630-члениот Бундестаг, шест помалку од потребното мнозинство.


Како што јави ДПА, шокантниот резултат е голема непријатност за Мерц, чија идна коалиција – составена од Христијанските демократи (ЦДУ), баварската Христијанска социјална унија (ЦСУ) и централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) – има 328 места во 630-члениот Бундестаг, долниот дом на германскиот парламент.

Според Основниот закон, де факто уставот на Германија, пратениците имаат 14 дена да изберат канцелар со апсолутно мнозинство.

Последователно, ќе биде потребно само обично мнозинство за да се избере канцелар.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер потоа ќе има седум дена формално да го назначи избраниот кандидат за канцелар, или наместо тоа, да го распушти Бундестагот и да распише нови избори.

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море