Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Меѓународна научна конференција по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

20250504193247 big 730x400 96.webp.webp
300x250 opst2

Во организација на Катедрата за македонски јазик и Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – 80 години од кодификацијата“.

MK Summit

– Шеесет научници, македонисти и слависти, од земјава и од странство заеднички ќе ја чествуваат 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик.Развојот на македонскиот јазик, книжевност и култура, современите состојби во македонистиката, современите лингвистички и книжевни теории, македонскиот јазик и книжевност во наставата, како и книжевниот превод се само дел од најавените тематски подрачја на новите научни трудови што ќе бидат презентирани на Конференцијата во чијшто научен одбор членуваат триесет истражувачи од осум држави, најави организацискиот одбор на Конференцијата.


Во рамки на Конференцијата ќе се одржи и научниот собир „Млади македонисти“ на којшто традиционално учествуваат истражувачи од земјата и од странство до 35-годишна возраст.

По свеченото отворање на Конференцијата во 9 часот, со програмата е предвидена пленарна сесија со учество на реномирани универзитетски професори од земјата и од странство, коишто повеќе децении наназад се посветени на македонистиката. Потоа, во осум сесии, со паралелна работа на секции за јазик и за книжевност и култура, во текот на двата конференциски дена ќе се водат дискусии за повеќе клучни и актуелни прашања во македонистиката, при што ќе бидат презентирани нови научни согледби и ќе се согледаат предизвици и за натамошни истражувања.

Во текот на вториот конференцски ден, организаторот најавува дека одделно внимание ќе заслужува научниот собир „Млади македонисти“, имајќи предвид дека на него ќе настапат претставници на новите генерации посветеници на македонистиката од коишто може да се очекува да го движат развојот на македнската лингвистика и македонската книжевна наука во децениите пред нас. Завршната дискусија и затворањето на Конференцијата се закажани за утре во 15:30 часот, по завршување на дискусиите на одделните секции за јазик и за книжевност и култура.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени