Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски: Македонскиот јазик е нашиот бедем и неспорен идентитет – Владата вложува во неговата иднина

Img 8745.jpeg
300x250 opst2

„Јазикот не е нешто што се чува во витрина. Тој мора да се говори, да се создава, да се развива“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, одржана во Македонскиот народен театар.

Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека Владата ќе продолжи со континуирани инвестиции во македонскиот јазик преку образовни реформи, дигитални проекти, поддршка на институциите, како и преку зајакнување на Институтот „Крсте Мисирков“ и катедрите за македонски јазик во земјата и странство.


„Македонскиот јазик треба да биде дел од нашето секојдневие, но и дел од иднината“, рече премиерот, нагласувајќи ја важноста на младите генерации во неговото негување. Тој најави програми за промоција на јазикот преку нови технологии и меѓународна соработка.

Мицкоски предупреди на предизвиците со кои се соочуваат малите народи во 21 век – нападите врз нивните идентитетски обележја и историја, вклучувајќи ги, како што рече, и болните удари од домашни луѓе кои за лични цели внесуваат сомнеж во историските вистини.

„Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, и јас како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски, да се радуваме, тагуваме и да пееме на нашиот многувековен македонски јазик“, порача Мицкоски.

Свечената академија започна со изведба на химната од Детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, настапи и ансамблот „Танец“, а беа рецитирани и извадоци од дела на македонски автори.

Можете да прочитате

Директорот Ристески си направил синдикат, брат му уште еден – скандалозен конфликт на интереси во М-НАВ

Алиу: Болницата во Прилеп доби нова медицинска опрема во вредност над 50 милиони денари, во тек е и постапка за вработување 124 лица на неопределено време

Маж од тетовско го нападнал сопствениот брат пред џамија поради долг