Утрински Весник
Скопје

„Репелент“ против змии ќе се поставува во скопски Карпош

Image 228381.jpg

Во рамки на редовните пролетни активности, општина Карпош и оваа година има ангажирано овластена фирма која се занимава со поставување на „Репелент“, односно средство за превенција и заштита од змии, соопштија од општината.

MK Summit

– Со оглед на моменталните временски услови (бидејќи постојат услови за врнежи од дожд), надлежните информираат дека наскоро кога се очекува да настапи стабилно и сончево време, службите ќе излезат на терен и ќе ја спроведат акцијата за поставување на ова заштитно средство, додаваат оттаму.


Инаку, „Репелент“ ќе се поставува околу основните училишта и детските градинки, како и во непосредна близина на плоштадите, парковите и пофреквените места на територија на Карпош. Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи.

Можете да прочитате

Гости му украле половина подароци на мајмунот Мики во ЗОО Скопје

Посебен сообраќаен режим во недела во Скопје

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје