Утрински Весник
Свет

Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини

Temu.jpg

Кинеската компанија „Тему“ денеска објави дека повеќе нема да испорачува стока од Кина во САД поради новите американски царински мерки.

MK Summit

Како што објави порталот „Tech Crunch“, компанијата Тему ја донела таа одлука откако американскиот претседател Доналд Трамп го укина правилото „de minimis“, што дозволуваше увоз на стока во вредност до 800 долари без царина.


Според американската мрежа Си-Ен-Би-Си, американските клиенти на платформата Tему веќе почнале да гледаат дополнителни „даноци за увоз“ од 130 до 150 проценти, а како одговор, компанијата престана да ги прикажува производите од Кина како достапни, додека понудите сега се ограничени на стоки од американски магацини.

Можете да прочитате

Израел одобри изградба на стотици дополнителни куќи во три населби на Западниот Брег

Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“

Демонстранти поставија Дедо Мраз во знак на протест против економската политика во Берлин