Утрински Весник
Скопје

Граѓаните револтирани прашуваат кој одобрил ваква градба? – се гради зграда со поглед кон дневнта на соседот од другата зграда (ФОТО)

Gnwnbqwxqaassx7.jpeg

Зграда која се уште е во градба предизвика револт и гнев кај Скопјани поради нејзината близина со веќе изградена зграда, во која живеат станари.

MK Summit

Имено според она што се гледа од фотографијата објавена на социјалната мрежа “Х” (поранешен Твитер), соседите од двете згради буквално ќе можат да си влезат во туѓиот дом од спротивната зграда, бидејќи терасите се доближени една до друга и буквално ќе си гледаат во дневната соба на соседот.


Граѓаните се прашуваат кој дозволил ваква градба и кој ќе плати 2.500 евра од квадрат за ваков стан. Болна точка за Скопјани.

На платформата „X“ досетливи! Велат можеби идејата е соседите да си подаваат кафе преку тераса, може и кабел да фати до соседниот стан, а „ваквата композиција“ е одлична за „швалерај“…

– Ме интересира, ако има пожар на втор кат во втората тераса, како ќе интервенираат пожарникари? – праша еден твитерџија.

“За тој што градел, казна.

+ тој што одобрил да се гради вакво нешто или што направил ваков урбанистички план, со закон да ги преземе трошковите за рушење на ваква градба”, вели друг твитерџија.

Можете да прочитате

Новогодишна прослава во Скопје со македонски изведувачи

Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици, најави Ѓорѓиевски

Герасимовски: Нов буџетски форум, со центарци денеска ги дефинираме приоритетите за 2026