Утрински Весник
Свет

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време

Putin.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно и дека тоа е прашање на време. 

MK Summit

„Ми се чини дека ова е неизбежно, и покрај сите трагедии кои сега ги доживуваме. Тоа е прашање на време“, рече Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“.


Рускиот претседател призна дека не се чувствува како политичар кој одлучува за судбината на земјата и истакна дека сè уште „дише ист воздух како и милиони други граѓани на Русија“.

„Русија ги има сите потребни сили за успешно да ја заврши војната во Украина без употреба на нуклеарно оружје, без оглед на тоа колку е испровоцирана да прибегне кон тоа“, додаде Путин. 

Можете да прочитате

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска