Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Полека доаѓа до промена на времето кај нас!

Meteoalarm.mk 61.jpg
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

MK Summit

Рано -летните температури, слични на оние кои ги имавме во изминатиов период ќе се задржат денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува  и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.


Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа. Поточно,во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа.

Можете да прочитате

Ужас во Ресен: Мајка ја претепала малолетната ќерка

Наставничка од Кавадарци сликала пораки од Фејсбук на нејзина колешка и истите ги препраќала кај директорката

Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои