Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Народот не заборави кој градеше, а кој саботираше

Dui Mala Rechica 623x330 1.jpg

Соопштение на ДУИ:

MK Summit

Кога Демократската унија за интеграција работеше на обезбедување на финансирањето за Коридорот 8, тие гласаа ПРОТИВ.


Кога ја потпишавме спогодбата, не обвинија за криминален и коруптивен договор.

Кога започнаа градежните работи, тие мобилизираа сè што имаа на располагање за да не сопрат — со изјави, кампањи, блокади и отворена пропаганда.

Но, уште поопасно и посрамно беше тоа што не го напаѓаа проектот само како “прескап” или “сомнителен”.

Го прогласија за закана по националниот идентитет.

За дел од наводен опасен проект за „Голема Албанија“.

Го претворија во политичко оружје за ширење страв, паника и етнички поделби.

Со недели ги мачеа психолошки граѓаните, тврдејќи дека овој проект ќе ја уништи државата.

Одеа толку далеку што ги обвинија и нашите стратешки сојузници — САД — за вмешаност во некаков „темен план“.

А денес?

Денес се сликаат пред истиот тој проект како да е нивен.

Денес се обидуваат да го претстават како своја лична заслуга, како политичка победа.

Ова не е политика.

Ова е недостаток на карактер.

Ова е хипокризија.

Оние што го саботираа проектот немаат ниту морално, ниту политичко право денес да го присвојуваат.

Напротив — тие треба јавно да се извинат за стравот и поделбите што ги посеаја, за блокадите и лагите што ги ширеа со години.

Коридорот 8 е визија.

Тоа е резултат на нашата истрајна работа, на нашата верба во евроатлантската иднина и на цврстото партнерство со нашите американски и европски пријатели.

Народот не заборави кој градеше, а кој саботираше.

И историјата ќе ги постави сите таму каде што навистина припаѓаат.

Можете да прочитате

Филипче: Приоритет на СДСМ е да номинира личности кои уживаат висок углед во своите заедници, имаат реална поддршка и поседуваат капацитет да ја остварат програмата

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Филипче: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува