Утрински Весник
Македонија

Со музика и сангрија испратени патниците на првите летови за Барселона и за Лион

Sangrija aerodrom.jpg

Со диџеј кој пушташе шпанска и француска музика на излезите 201 и 202, на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и со освежителни пијалаци – безалкохолна сангрија, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, вечерва на Меѓународниот Аеродром Скопје ги испрати првите 161 патник кои полетаа за Барселона и првите 180 патника кои се упатија кон францускиот град Лион, означувајќи го почетокот на овие две авиолинии, на кои од денеска, 3-ти мај 2025, редовно ќе лета нискобуџетната авиокомпанија Виз ер.

MK Summit

На првиот лет за Барселона, беше и добитничката на двата авиобилети од Виз ер, која беше избрана по случаен избор преку повикот за дарување кој ТАВ Македонија го објави на Инстаграм-страницата и Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје.


Со ова, се исполни повеќегодишното барање за враќање на директната авиоврска меѓу Скопје и каталонската убавица – Барселона, на големо задоволство на сите вљубеници во овој град на уметноста, историјата, архитектурата и спортот.

Истовремено, благодарение на Виз ер, за граѓаните се отвори сосема нова туристичка дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје, францускиот град Лион, кој е еден од најголемите гастрономски центри во светот и кој важи за срцето на француската кујна. Домот на прочуениот готвач Пол Бокуз, град полн со „бушони“ – традиционални лионски ресторани, каде што се служат локални специјалитети, градот на уметност, музика, културни настани, како и прочуениот фестивал на светлината, кој секоја година, во декември го претвора градот во магично светлосно искуство што привлекува милиони посетители.

На летовите на релација, Скопје-Барселона-Скопје, Виз ер ќе лета секој вторник и сабота, додека летовите до Лион ќе се одвиваат три пати неделно, секој вторник, четврток и сабота.

Достапност и резервација на авиобилети на: https://www.wizzair.com/

Можете да прочитате

ВЛЕН: Минатото се нарекува ДУИ, европската иднина се нарекува ВЛЕН

Најавените врнежи добредојдени за земјоделството

Одбележување 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев