Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Не знам каде се Груби и Бајрами, не сум јас тој што треба да открие

Ali Ahmeti.jpg

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска изјави дека нема контакт со поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државната Лотарија, Перпарим Бајрами, кои со месеци се бараат со меѓународна потерница. Тој одговори на новинарско прашање поврзано со истрагата за злоупотреби во Лотарија и потенцираше дека не е негова работа да ја знае нивната локација.

MK Summit

„Јас не работам ниту во обвинителство, ниту во истражните органи, сигурно тие не се на места далеку од регионот, но не сум јас тој кој треба да ја открие нивната локација. Не, немам комуникација“, рече Ахмети.


Груби и Бајрами се осомничени дека се соучесници во кривично дело „Злоупотреба на службената положба“, за кое се предвидени најмалку четири години затвор. Според Обвинителството, во случајот е направена штета од над 500 милиони денари (околу 8,2 милиони евра).

Името на Артан Груби веќе фигурира на американската црна листа поради примање поткуп, а според обвинувањата, тоа било со цел да се спаси од одговорност поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Можете да прочитате

Таравари се поздрави со Мицкоски, но не и со Меџити и Касами

Се одбележуваат 108 години од раѓањето на првиот претседател на Македонија – Киро Глигоров

Исплатени 49.658.739 денари кон 761 оризопроизводител