
Принцот Хари ја загубил правната битка за заштита при неговите идни посети на Велика Британија, која би била платена на сметка на британските даночни обврзници, објави весникот „Дејли мејл“.

Хари сега мора да плати вкупно околу 1,74 милиони евра судски трошоци.
Принцот тврдеше дека му била ускратена соодветна заштита откако се повлече од кралските должности, настан познат како „Мегзит“.
Неговите адвокати тврдеа дека неговиот живот е во опасност поради немањето соодветна заштита.
Принцот Хари го тужеше Министерството за внатрешни работи, кое одлучи да му даде пониско ниво на заштита додека е во Британија.
Одлуката дека на принцот не му е потребна заштита ја донело телото за заштита на кралското семејство, Равец, кое смета дека на принцот не му е потребна заштита како во периодот пред да ги напушти кралските должности.
Хари присуствуваше на сослушувањето, а сега се соочува со можност да поднесе жалба на новата пресуда до Врховниот суд на Обединетото Кралство.