Утрински Весник
Економија

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Погрешните економски политики на Владата на Мицкоски веќе ги даваат првите горки плодови, Македонија според проекциите на Светска банка ќе биде на дното во регионот по економски раст, со проектирани само 2,7% раст на БДП оваа година. Ова значи дека ако се пресмета инфлацијата од над 3%, раст воопшто нема, односно економијата е во стагнација. Ова е она што СДСМ го предупредува уште од првиот ден, Мицкоски и Владата се економски некомпетентни.


Откако успеаја да ги пресечат лентите на сите инвестиции на СДСМ, да се накитат со туѓи перја, сега нема ништо од нивната работа. Инвестициите си заминуваат, бројот на вработени во овие компании се намалува, а Владата единствено се шета на скапи патувања по светот без никаков ефект.

Трагедијата е што во ваква безизлезна ситуација, Владата нема никакво чувство на одговорност ниту кон граѓаните, па е решена да ги држи платите ниско, цените да растат неконтролирано и граѓаните да живеат сѐ потешко. Сумарниот ефект од овие погрешни политики во секој сегмент од економијата е евидентен: економска стагнација, урнисување на стандардот на граѓаните и бесперспективност.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска ‒ Ханиг: Народната банка презема мерки за  поттикнување на зелените финансии и за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем на климатските ризици

„Business-to-business“ – настан од проектот „Конкурентни земјоделски задруги“

Министерот за економија најавува ограничување на маржите за речиси сите производи