Утрински Весник
Македонија

В.д градоначалникот на Кочани им даде 30 дена период на угостителите да ги прилагодат летните тераси според законските прописи

Xx 2.jpg

На состанокот на сопствениците на угостителските објекти им беше речено дека во најкус можен рок ќе се објави тендерска постапка за фирма која ќе ги отстрани нелегално изградените објекти.

Од наша страна ќе им дадеме 30 дена период за кој корисниците на јавните површини треба да ги отстранат или прилагодат објектите според соодветните одобренија, а ако не ги отстранат ќе дојде до насилно рушење што ќе претставува дополнителен трошок за нив посочи Крстевски.


Исто така, на средбата угостителите кажаа дека повеќе години работат на овој принцип затоа што некој така им дозволил тоа да го прават, а редовно ги подмирувале сите давачки кон државта, но и Општината.

Целта на отстранувањето на нелегалните работи е да им се олесни пристапот на протипожарната служба, како и на амбулантата и полицијата.

Можете да прочитате

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Минчев од седиштето на ReSPA: Регионалната соработка е двигател на европските реформи