Утрински Весник
Економија

Министерот за економија најавува ограничување на маржите за речиси сите производи

Market1.webp.webp

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најавува ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка која трае до задутре Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените.

Дурмиши денеска во одговор на новинарско прашање повтори дека ограничувањето на маржите до 10 отсто дала резултати и се намалени цените на храната и пијалаците. Предупреди дека ќе има поригорозни мерки доколку, како што рече, трговците не се однесуваат како што треба.


– Мерката завршува на крај на месецов, во среда, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека дава резултати, односно во март имаме инфлација од 2,7 проценти, а споредено со февруари имаме дефлација за 1,3 проценти, во делот на храна и пијалаци намалени се цените. Истите информации покажуваат дека и овој месец цените во делот на храна и пијалаци се намалени, така што оваа мерка дава резултати. Со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе бидеме на терен, ќе ги следиме цените ако има девијантно однесување од страна на маркетите или ако има енормо зголемување на цените нормално дека ќе одиме пак со нови мерки. Ако трговците не се однесуваат како што треба или пак ги зголемуваат цените ќе има поригорозни мерки од она што го имаме сега. Ако на пример сега се опфатени 102 групи на основни прехранбени и непрехранбени производи тоа значи деа ќе опфатиме уште повеќе групи – скоро се ќе ставиме со одлуката што ќе ја донесеме, ќе ги опфатиме скоро сите производи што ги имаат ланците маркети, со ограничување на маржите на сите тие производи или вредноста на ограничувањето на маржите ќе биде поголема, рече Дурмиши.

На предлог на Министерството за економија на 20. минатиот месец се применува ограничена бруто профитната маржа на 102 групи на производи и за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи, а со измени на Законот за заштита на потрошувачи, што стапија во сила на 18. месецов, трговците на мало се обврзани јавно да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници и да ги ажурираат секој ден до 10 часот. Цените треба да бидат објавени во посебен дел од веб страницата и да бидат достапни без регистрација или дополнителна најава на веб страницата.

Се уште се анализира дали во просечната потрошувачка кошничка што ја подготвува ресорот што го предводи ќе се однесува на тричлено или четиричлено семејство. Како што објасни Дурмиши, се дискутира на таа тема, ги анализираат сите податоци, ќе се земе мислење од сите претставници во работната група и ќе се излезе со заеднички став.

– Имаме драфт верзија на која се дикутира, а во наредниот период во најкраток рок ќе биде достапна за граѓаните, новинарите, синдикатите. Направивме многу добра просечна потрошувачка кошница со податоци од релевантите институции, ќе ги опфати сите граѓани, точно ќе биде прецизирано точно кои производи во кој временски период се трошат, а ќе биде прецизирано и од каде се земени цените – ќе се земат од повеќе трговци не само од два или три како што е во синдикалната кошница, ќе биде земе во предвид и колку членови на семејствата ќе се опфатат. Работиме во оваа насока, Работната група работи веќе два месеца работи, мислам дека идниот месец ќе го имаме документот, ќе биде разгледан првин од другите членови на Владата и кога ќе се утврди резперезентативност на синдикатите ќе се достави и до ЕСС, ќе се разгледа, ќе се гласа и ќе биде достапна за граѓаните, изјави Дурмиши, на новинарско прашање при учеството на настанот по повод одбележување на Светскиот ден на безбедност и здравје при работа.

Можете да прочитате

Поскапуваат горивата: Еве колку ќе чинат

Средба со директорот за статистика  на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

НЛБ Банка со појаснување: Еднократен надомест од 20 денари месечно за целиот Light пакет