Утрински Весник
Македонија

Тркалезна маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд“

Ustaven Sud.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Уставниот суд на Република Северна Македонија во Скопје денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“. Настанот има за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор.

Воведни обраќања ќе имаат претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд, Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија, Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија и Анџела П. Агелер, Амбасадорка на САД.


Потоа следува презентација на наодите од анализата за потребата од донесување на Закон за Уставниот суд, изработена во рамки на ЕУ-финансиран проект, со говорниците Карстен Манке, тим лидер, и вишите правни експерти Мартин Сопронов и Маргарита Цаца Николовска.

Ставовите на судиите од Уставниот суд ќе ги образложат судиите Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева, додека, мислења од претставници на правната струка ќе споделат професорите Тања Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Денис Прешова и Рената Дескоска.

Од граѓанскиот сектор ставовите ќе ги изнесат Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“ и Бојан Трпевски од Асоцијација на млади правници на Македонија.

Можете да прочитате

Шигелов побара оставка од Венко Филипче

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Полициска акција во Штип – приведени службеници