Утрински Весник
Македонија

Над 1,8 милиони денари се собрани на хуманитарната аукција на уметнички дела во Кочани

Aukcija kocani.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Над 1,8 милиони денари (околу 30.000 евра) се собрани на хуманитарната аукција на уметнички дела за помош на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти иницијативата „Support Kocani“. Во организација на оваа иницијатива, акуцијата се одржа во кочанскиот културен центар „Бели мугри“, а сите средства ќе бидат донирани на семејствата на 62-те жртви и околу 200 повредени во пожарот на 16 март.

На вчерашната аукција се наддаваше за над 140 дела и ракотворби од уметници од целата земја, кои уште неколку дена ќе бидат изложени во „Бели мугри“ со цената по која се купени и нивниот нов сопственик. Највисок износ од 300 илјади денари беше постигнат за ликовно дело на уметникот Михаил Корубин.


На аукцијата учествуваа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, в.д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, лидерот на СДСМ Венко Филипче, пратениците Павле Арсоски и Миле Лефков, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и мал број локални бизнисмени.
Денеска, во знак на почит кон загинатите во Кочани ќе се одржи велосипедска тура „62 километри“, ќе се вози по стариот пат во правец на Штип и назад, во должина од 62 километри.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен