Утрински Весник
Македонија

Прва трансплантација на менискус успешно изведена

Img 8103.jpeg

Во македонското здравство е запишана нова страница на успех — за првпат во државата е изведена трансплантација на менискус. Операцијата беше изведена кај 30-годишен пациент кој претходно имал тотална менисцектомија на медијалниот менискус.

Предводен од доц. д-р Алан Андоновски, тимот на хирурзи и медицински персонал успешно ја реализираше оваа сложена интервенција. Во оперативниот тим учествуваа и ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, како и медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарката Ирена Галевска. Анестезиолошката поддршка ја обезбедија д-р Мики Филев и сестрите Злата Апостолоска и Гордана Захариева.


Оваа успешна трансплантација не само што претставува голем чекор напред во развојот на македонската ортопедска хирургија, туку и отвора нови можности за лекување на пациенти со тешки оштетувања на коленските зглобови.

Истовремено, интервенцијата е доказ за високата стручност, посветеност и тимска работа на македонските медицински професионалци.

Можете да прочитате

Од 1 јули целосно се забранува движењето низ македонските шуми

Влен: Со законот за правична застапеност, Албанците ќе бидат во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници