Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Историски највисока исплата на субвенции од 40 милиони евра за тутунарите

Cvetan tripunovski 26.04.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп посети тутунопроизводител при што разговараа како помина минатата реколта и за подготовките за идната реколта 2025.

„Во текот на вчерашниот ден ги исплативме субвенциите за реколта 2024 година, станува збор за околу 40 милиони евра субвенции кои што легнаа на сметка на околу 14.500 тутунопроизводители од цела држава. Ова е една рекордна на исплата на субвенција по однос на произведен килограм тутун”, истакна министерот Трипуновски.


Министерот додаде дека целата реколта изнесуваше 24 милиони килограми што е рекордно зголемување во однос на минатата година. Оваа исплата и откупна сезона докажаа дека Владата и Министерство го реализираат ветеното.

„Го вреднуваме трудот на македонскиот земјоделец, субвенциите ќе се исплаќаат редовно”, појасни тој.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен