Утрински Весник
Македонија

Бугарија се уште не одговорила на барањето на Македонија за средба

Bugarija 1.jpg

Бугарија се уште не одговорила на барањето на Македонија за директен дијалог за проблемите кои постојат меѓу двете држави, соопшти министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одговарајќи на прашањето дали откако Бугарија доби политичка влада е договорена средба меѓу двете страни за надминување на проблемите.

-Веќе подолг период работиме, за жал, без позитивен фидбек од страна на Бугарија, за организирање на заедничка средба помеѓу мене, нашиот министер за транспорт, Николовски и министерката за финансии, Димитриеска Кочоска, заедно со нашите тројца колеги од бугарска страна, со цел, разјаснување на состојбата и иднината на Коридорот 8, бидејќи тоа е за нас стратешки проект кој сакаме да се движи напред. За жал подолг период немаме позитивен одговор – рече Муцунски.


Тој изјавата ја даде по средбата со својот црногорски колега, Ервин Ибрахимовиќ, кој беше во посета на Скопје, велејќи дека дијалог и комуникација меѓу двете земји постои и дека Македонија нема да се откаже од тоа, бидејќи во спротивно би станала соученик во процесот на кочење на евроинтеграцијата на земјата.

Можете да прочитате

СДСМ ги крои кандидатурите: Бузлевски за Ресен, Шајн за Охрид, Ацевски за Ѓорче Петров

ВЛЕН: ДУИ како да посакува ВМРО-ДПМНЕ да победи со над 60 пратеници 

„Марш за ангелите“ утре во Скопје организираат родителите на настраданите во клубот „Пулс“ во Кочани