Утрински Весник
Македонија

Во Македонија сиромашните трошеле струја како фирми

Smetki Struja.jpg

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на денешната прес конференција кажа дека голем дел од енергетската сиромаштија влегува во четвртиот блок за потрошувачка на електрична енергија. Таа посочи дека се работи на детектирање на сите кои се засегнати од енергетската сиромаштија.

„Неофицијално во земјава има околу 50,000 броила кои се сметаат за енергетска сиромаштија, но сакаме да имаме точна бројка. Формирана е работна група и систематски работиме на детектирање на сите што се засегнати од енергетската сиромаштија и сме при крај. Ќе има неколку модели кои се уште не сме ги финализирале, но државата секако ќе им помогне.”


Во одговор на прашање, таа изјави дека според неофицијални податоци, голем дел од енергетската сиромаштија влегува во четвртиот блок за потрошувачка на електрична енергија, особено во Битола.

“Сето ова ќе го провериме и ќе имаме точни и прецизни бројки,” потенцираше Божиновска.

Со законските измени, во рок од седум години ЕВН ќе треба да ги замени постоечките броила со смарт броила за да се избегне доцнењето во читањето на сметките, за што одлука ќе донесе Владата по усвојувањето на законот.

“Владата ќе направи се што е во интерес на граѓаните. Се уште не сме дискутирале како ќе биде тоа, но ќе направиме се за граѓаните да немаат никакви трошоци,” објасни Божиновска.

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија