Утрински Весник
Македонија

Изборна есен на повидок – СДСМ ја консолидира коалицијата, Мицкоски размислува за предвремени избори!?

Retro eglenceli kadin konusma kartvizit 7.jpg

СДСМ е целосно подготвен за сите можни изборни сценарија, вклучувајќи ги редовните локални избори, но и евентуалните предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на партијата, Венко Филипче. Во изјава до медиумите, тој потенцираше дека внатрепартиските процеси за претстојните избори се веќе во тек и дека СДСМ ги засилил активностите на терен и во рамки на коалицијата.

„Во повеќе општини веќе се спроведуваат внатрепартиски анкети и се водат разговори на различни нивоа. Во текот на следната недела ќе бидат промовирани околу десетина кандидати за градоначалници“, изјави Филипче.


Тој најави дека коалицијата предводена од СДСМ, која моментално ја сочинуваат околу 14 до 15 политички партии, начелно ќе настапи заеднички на локалните избори. Според него, разговорите за советничките листи се во тек, иако не со иста динамика во сите општини. Има случаи каде што некои од коалициските партнери ќе настапат самостојно, но генералната определба останува – заеднички настап како коалиција.

„Паралелно со подготовките за локалните избори, започнавме и првични иницијативи за разговори со потенцијални албански коалициски партнери“, додаде Филипче, нагласувајќи дека СДСМ останува отворен за дијалог со сите политички субјекти и е подготвен да реагира на секој политички развој.

Оваа изјава доаѓа во време кога во јавноста се интензивираат шпекулациите за можни предвремени парламентарни избори. Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека не е исклучена можноста за организирање предвремени избори, но истакна дека тоа нема да се случи поради кризата во Владината коалиција ВЛЕН, туку како резултат на трагедијата во Кочани, каде животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени.

„Ќе ја прифатам политичката одговорност за трагедијата во Кочани. Откако ќе ги расчистиме сите детали, ќе побараме нова доверба од граѓаните“, изјави Мицкоски, не прецизирајќи дали евентуалните избори би се одржале заедно со локалните избори наесен.

Извори од Владата посочуваат дека не би било изненадување доколку локалните и предвремените парламентарни избори се одржат во ист термин, што би значело влез во нова и интензивна изборна кампања уште во наредните месеци. СДСМ, како што тврди неговиот лидер, ќе биде подготвен да ја понуди својата програма и кадар пред граѓаните во какви било изборни услови.

Можете да прочитате

Муцунски: Претседателката на ДКСК треба да поднесе оставка, иако важи презумпцијата на невиност

Меџити: ДУИ прво ме контактираа мене со цел да ја растурат коалицијата „Вреди“

Бела пена и помор на риби повторно во Дојран?! (ВИДЕО)