Утрински Весник
Свет

Шестмина мртви во пад на авион на тајландската полиција во морето

20250425090246 big 730x400 35.webp.webp

Шест лица загинаа утрово кога мал тајландски полициски авион се урна во морето во близина на одморалиштето Хуа Хин, соопштија официјални лица.

Портпаролот на полицијата, Арчаџон Краитонг, изјави дека авионот бил на пробен лет со цел да се подготви за падобрански тренинг, јавија американските медиуми.


Иако моделот на авионот не е официјално потврден, фотографиите од местото на несреќата укажуваат дека станува збор за „Викинг DHC-6 Twin Otter“ со пропелер.

Авионот се урна во близина на аеродромот Хуа Хин, во покраината Прачуап Кири Кан, соопшти локалниот оддел за односи со јавноста.

Фотографиите ги прикажуваат остатоците од авионот во морето, на околу 100 метри од брегот.

Сите загинати биле припадници на полицијата. Петмина од нив починале на местото на настанот, додека шестото лице починало подоцна во болница, рече Крихтонг.

Причината за несреќата засега е непозната.

Надлежните органи собираат докази, вклучително и податоци од црната кутија на авионот, додаде портпаролот.

Можете да прочитате

Бајден ќе присуствува на погребот на папата Франциско

Кличко за Би-Би-Си: Украина би можела да биде присилена да се откаже од делови од територијата за постигнување мир

Ројтерс: САД се подготвени да ѝ понудат на Саудиска Арабија пакет оружје вреден 100 милијарди долари