Утрински Весник
Скопје

Базенот во Карпош затворен затоа што паднал парче од таванот

4 18 585x351 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По велигденските празници, базенот во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје е привремено затворен,а причина за тоа е што лајсна од таванската конструкција се одвоила и паднала на плочките.

Раководството на спортскиот центар веднаш донело одлука да го затвори базенот за јавноста и пливачките клубови, со цел да се извршат неопходните градежни и безбедносни интервенции. Санацијата е најавена да трае околу еден и пол месец, по што базенот повторно ќе биде отворен за корисниците.


Директорот на Спортскиот центар, Данијел Апостолоски за Дoјче веле вели дека не постои опасност кровот да падне, но поради безбедносни причини во наредните 40 дена базенот нема да работи, додека не се санираат проблемите коишто биле детектирани.

– Поради безбедносни причини, за да не се случи поголем проблем, превентивно извршивме проверки на објектот. Од Градежен факултет не советуваа да се затвори базенот додека не се санираат одредени недостатоци – вели Апостолоски.

Можете да прочитате

(Видео) Дедомразовска трка во Скопје

„Вечер под ѕвездите” – голема предновогодишна забава во Центар

Рекорден број учесници на 11. издание на Дедомразовската трка во Скопје