Утрински Весник
Македонија

Започнува втортата фаза од проектот за поддршка на Македонија во пристапувањето во ЕУ во областа животна средина

8 1.jpg

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска се обрати на отварањето на иницијалниот настан за отпочнување на втората фаза од проектот: „Поддршка на пристапувањето на Македонија кон ЕУ во областа на животната средина” што денес се одржа во Скопје.

„Ние особено ја цениме помошта и стручноста на шведските експерти кои ќе помогнат во зајакнување на соработката помеѓу креаторите на политиките и засегнатите страни во областа на биодиверзитет и климата, како и за  ЕУ интеграцијата и зајакнувањето на капацитетите за апроксимација на европското законодавство за животна средина” истакна заменик министерката Лашкоска, укажувајќи дека очекува успешната соработка, помош и размена на искуства од првата фаза од проектот: „Поддршка на Македонија во пристапувањето во ЕУ во областа животна средина”, особено во делот на заштитата на природата и воспоставувањето на еколошката мрежа Натура 2000, ќе продолжи и во оваа втора фаза, чие отпочнување се најави на денешниот настан.


„Нашата основна проценка содржана и во последниот Извештај на Европската комисија во врска со придонесот на нашата земја е дека капацитетите за активности за приближување кон ЕУ – исполнување на директивите, преговарачките капацитет итн. во областа на животната средина и клима се фрагментирани и од голема корист би било подобрувањето на планирањето, приоритизацијата и споделувањето информации” додаде Лашкоска.

Заменик шефицата на мисијата на Амбасадата на Шведска во Северна Македонија Елизабет Далберг Фриск во поздравното обраќање ја истакна шведската поддршка за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија и потенцираше дека оваа техничка помош има за цел да ја подобри оперативната подготвеност на Министерството за животна средина и просторно планирање да одговори на предизвиците околу спроведување на поглавјето 27, посветено на животната средина и климата.

Раководителката на Одделението за меѓународна соработка на Шведската агенција за заштита на животната средина Биргита Лис-Лимер истакнувајќи ја добрата соработка со нашата држава во делот на заштитата на животната средина и природата, во своето обраќање потенцираше дека во оваа нова фаза главниот фокус им е на поддршката на процесот на пристапувањето во ЕУ во однос на Поглавјето 27, на заштитата на природата во согласност со барањата на ЕУ и улогата што традиционалната употреба на земјиштето и земјоделските практики можат да ја имаат во оваа област. Според неа, активностите на Шведската ЕПА која е национална владина агенција во земја-членка на ЕУ и која има долгогодишна добра соработка и партнерство со наштата држава, ги надоврзува на довербата, континуитетот и заедничката посветеност кон еколошки напредок.

Настанот е организиран од страна на Шведската агенција за заштита на животната средина, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање за обележување на отпочнување на Втората фаза од проектот „Поддршка на пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ во областа на животната средина”.

Проектот „Поддршка на пристапот на Северна Македонија во ЕУ во областа на животната средина – Фаза 2″ има за цел да ги зајакне капацитетите на МЖСПП во координација и управување со процесот на приближување кон ЕУ, да ги олесни преговорите од Поглавјето 27, да ги зголеми капацитетите и интерсекторска и меѓуресорска соработка, како и соработката помеѓу креаторите на политики и засегнатите страни на локално, национално и регионално ниво со што ќе се олесни управувањето со биолошката разновидност и климатската адаптација. Проектот е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка со вкупно 1.700.000 евра, а го спроведува SwEPA (Шведска агенција за животна средина) во соработка со МЖСПП.

Можете да прочитате

„Македонското прашање се уште не е затворено“, рече Мицкоски нЕдна година од работењето на „Беломорски клуб читална“

Тони Михајловски: Ја умревте културата, ама ќе воскресне – и ќе ве потсети кои сте

Тони Михајловски: Ја умревте културата, ама ќе воскресне – и ќе ве потсети кои сте