Утрински Весник
Свет

Захарова ја обвини Германија за русофобија и знаци на неонацизам

20250423085634 big 730x400 8.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека плановите на германските власти да му забранат на рускиот амбасадор во Берлин да присуствува на церемонијата по повод 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија се израз на „отворена русофобија“ и покажува „знаци на неонацизам“.

Во коментар за рускиот весник „Известија“, Захарова одговори на пишувањата на германските медиуми во која се наведува дека Министерството за надворешни работи на Германија ја разгледува можноста за забрана на рускиот амбасадор да учествува на настанот Денот на победата над фашизмот.


„Германското Министерство за надворешни работи, кое дава такви упатска, буквално се разоткри, откривајќи ја грдоста на русофобијата и знаците на неонацизмот“, рече Захарова.

Таа додаде дека тоа е „обид да се избрише историското сеќавање“ и политичка одлука која има сериозни морални последици.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко претходно ги критикуваше и европските политичари кои, како што рече, „се закануваат на оние кои сакаат да дојдат на Парадата на победата во Москва“.

Тој тоа го нарече „политика на дехуманизација“.

Денот на победата во Русија се одбележува на 9 мај како ден на сеќавање на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, позната во Русија како Големата патриотска војна.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична