Утрински Весник
Македонија

Пчеларите да ја пријават состојбата на пчелните семејства за да можат да аплицираат за субвенции

Pcheli 2.jpg
Dik 300x250 mk

Пчеларите до крајот на април треба да ја пријават моменталната состојба во нивните пчелни семејства, со цел да добијат документација за субвенции. Ветеринарниот лекар од Штип, Крсто Митев апелира обврската да биде завршена навремено, за пчеларите да аплицираат и да добијат субвенции за нивните пчелни семејства.

-Со годишната наредба од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство за оваа година и овој период од годината, можам да апелирам до сите оние држатели на пчелни семејства, обврската нивна за пријавување е до крајот на месец април, што значи должни се да дојдат во ветеринарната станица да ја пријават нивната моментална состојба во пчеларнико, како би можеле да се стекнат со право за аплицирање и добивање документација за субвенции, изјави Митев.


Тој додаде дека и  до крајот на наредниот месец пак се зема крв за откривање на болест кај козите и овците. И ова е со иста цел да сточарите да добијат соодветна документација со што би можеле да аплицираат и да дибијат субвенции.

-Земањето крв за откривање болести кај козите и овците е во тек. Оваа акција ќе треба да ја спроведеме до крајот на месец мај. Сите оние држатели на овци и кози се должни да се јават, како би можеле да направиме термин за истите да се стекнат со правото за аплицирање на документација за субвенции, вели Митев.

Согласно законската регулатива пчеларите  за да добијат субвенции треба да имаат најмалку десет пчелни семејства, а висината на директни плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство

Можете да прочитате

Над 130 лица се лишени од слобода во октомври поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

Судењето за „Геријатрија“ во фаза на доказна постапка, наредното рочиште на 10 ноември