Утрински Весник
Свет

Ал Гор ја спореди администрацијата на Трамп со нацистичка Германија

1744390802 tramp.jpg

Поранешниот американски потпретседател, Ал Гор, ја спореди администрацијата на Доналд Трамп со нацистичка Германија.

Говорејќи на митинг по повод почетокот на Неделата на климата во Сан Франциско, Гор рече дека администрацијата на Трамп се обидува да создаде своја претпочитана верзија на реалноста за да ги постигне своите сеопфатни цели слични на Нацистичката партија на Адолф Хитлер во 1930-тите и 1940-тите, пишува Политико.


Многу добро разбирам зошто е погрешно да се споредува Третиот рајх на Адолф Хитлер со кое било друго движење. Тоа беше уникатно зло, период. Сфаќам. Но, постојат важни лекции во историјата на тоа зло што се појави”, рече Гор, кој беше потпретседател во времето на Бил Клинтон.

Претставници на Белата куќа не ја коментираа изјавата на Гор.

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море