Утрински Весник
Свет

Египет и Катар со нов мировен предлог за Појасот Газа

Gaza.webp.webp

Египет и Катар, посредници во преговорите за договор за прекин на огнот и ослободување на заложници меѓу Израел и Хамас, изнесоа нов предлог кој вклучува повеќегодишно примирје, целосно повлекување на Израел од Газа и размена на заложници за затвореници, пренесоа денеска британските медиуми повикувајќи се на неименуван извор од палестинското раководство.

Како што јави Би-би-си, предлогот опфаќа примирје од пет до седум години, формален крај на војната, целосно повлекување на израелската армија (ИДФ) од Газа и ослободување на „сите израелски заложници во замена за палестински затвореници во израелските затвори“, пренесува „Тајмс оф Израел“.


Во извештајот не се наведува дали ќе бидат ослободени и преостанатите не-израелски заложници, еден Тајланѓанец и еден Непалец за кои се верува дека се живи, и дали ќе бидат предадени телата на двајца Тајланѓани и еден Танзаниец.

Палестинскиот извор наведува дека Хамас изразил подготвеност да ја препушти контролата над Појасот Газа на кој било палестински ентитет – Палестинската управа или некое ново административно тело.

Неименуван палестински функционер потврдил за Тајмс оф Израел дека посредничките напори се сериозни и оти палестинската милитантна група покажала „невидена флексибилност“.

Би-би-си наведува дека Израел не го коментирал планот и оти висока делегација на Хамас ќе отпатува во Каиро на консултации.

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени