Утрински Весник
Економија

Во САД отвараат нова платежна мрежа со крипто, конкуренција на Виза и Мастеркард

20250421153541 big 730x400 49.webp.webp

Компанијата Circle, издавач на стејблкоинот USDC (крипто валута со фиксен курс поврзан со американскиот долар), најави отварање на глобална мрежа за исплати и трансгранични трансакции а како можен конкурент на гигантите Visa и Mastercard.

Свеченото отварање на мрежата е закажано за 22 април во седиштето на компанијата во Њујорк, каде извршниот директор Џереми Алер ќе го претстави визионерскиот план за плаќања со стејблкоини.


Според изданието „Коиндеск“, пазарот на стејблкоини забележува брз раст, особено по изборот на Доналд Трамп. Новата регулатива од Белата куќа охрабрува развој на легални дигитални токени, што се обезбедени со американскиот долар. Circle и Tether остануваат водечки издавачи на USDC и USDT, чии пазарни капитализации изнесуваат $60 и $144 милијарди.

Circle, која првично се фокусираше на онлајн плаќања со биткоин, сега се враќа на платежниот бизнис преку мрежа насочена на банки, финтек-фирми и сервиси за парични услуги. Според изворите, новата мрежа првично ќе се користи за трансфери, но долгорочната цел е да конкурира на најголемите платежни системи.

Во меѓувреме, во ЕУ изразија загриженост за можната доминација на доларските стејблкоини, што може да предизвикаат одлив на капитал од традиционалниот банкарски систем.

Можете да прочитате

ММФ: Значително ќе забави светската економија

Одржана седница на Советот на Народната банка: Усвоен Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Синдикалната кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари