Утрински Весник
Македонија

На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Granica.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Николоски: Австрија е долгогодишен трговски и економски партнер на Македонија

Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч

Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада