Утрински Весник
Свет

Примирјето заврши, експлозии во неколку градови во Украина

Ukraina.webp.webp

Прекинот на огнот што Русија го прогласи во зоната за специјална воена операција за Велигден истече на полноќ по московско време, при што и Русија и Украина изнесуваа различни тврдења за почитување или прекршување на примирјето.

Прекинот на огнот, кој стапи на сила на 19 април во 18 часот, беше на сила за време на велигденските празници.


Експлозии утринава се слушнаа во неколку украински градови, меѓу кои Николаев, Черкаси и Херсон, за време на воздушната тревога што беше прогласена ширум Украина.

Градоначалникот на Николаев, Александар Сјенкевич, преку Телеграм ги потврди експлозиите во тој град, нагласувајќи дека тревогата се уште е на сила, пренесе Укринформ.

– Во Николаев се слушнаа експлозии. Тревогата продолжува – е наведено во пораката на градоначалникот.

Можете да прочитате

Русија употреби нов дрон Geran-5 во Украина

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести

Наводи за употреба на експериментално оружје во операцијата против Мадуро