Утрински Весник
Свет

Папата Франциск ја нарече „драматична и жална“ ситуацијата во Газа

Papata.webp.webp

Папата Франциск денеска кратко се појави на балконот на црквата Свети Петар за традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ (До градот и светот“), на крајот од велигденската литургија, која на плоштадот Свети Петар ја отслужи кардиналот Анџело Комастри.

Светиот Отец, кој има 88 години, се појави во инвалидска количка и мавташе од балконот на базиликата Свети Петар кон илјадниците насобрани верници кои го поздравиле со голем аплауз, пренесува Индекс.


Во својата велигденска порака, Папата ја опиша ситуацијата во Газа како „драматична и жална“. Тој, исто така, ја повика палестинската милитантна група Хамас да ги ослободи преостанатите заложници и го осуди, како што рече, „загрижувачкиот“ пораст на антисемитизмот низ светот.

„Ја изразувам мојата блискост со страдањата… на сите Израелци и Палестинци“, се наведува во пораката.

Можете да прочитате

Ќе се репризира ли Ковид? Франција со строги мерки за спречување на ширењето на хантавирусот

Багаи: Иранскиот предлог за завршување на војната беше дарежлива и одговорна понуда

Во Бангладеш од 15 март регистрирани 344 смртни случаи на деца од мали сипаници