Утрински Весник
Свет

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се сретна со папата Франциск

20250420082934 big 730x400 26.webp.webp

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во рамки на посетата на Рим имаше „кратка средба“ со папата Франциск во папската резиденција каза Санта Марта во Ватикан, пренесоа американските медиуми.

Во извештаите се наведува дека средбата се случила „во момент на затегнати односи меѓу Ватикан и Вашингтон“ поради антиимиграциските мерки кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп и намалувањето на меѓународната помош, пренесува Скај Њуз.


Џеј Ди Венс, кој е во Рим со своето семејство, се сретна и со вториот човек на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, како и со министерот за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер.

Ватикан соопшти дека имало „размена на мислења“ за меѓународните конфликти, мигрантите и затворениците.

Се оценува дека двете страни имале „срдечни разговори“, а Ватикан изразил задоволство од посветеноста на американската администрација за заштита на слободата на вероисповед и совест.

Папата Франциск неодамна ги нарече „срамни“ плановите на Трамп за спроведување масовни депортации.

Можете да прочитате

Израелски министер предложи целосна окупација на Газа

Папата Франциск ја нарече „драматична и жална“ ситуацијата во Газа

Добитник освоил џекпот од 112 милиони долари на лотарија во САД