Утрински Весник
Македонија

Голема неприлагодена брзина е причината за вчерашната трагедија на патот Кичево-Гостивар, рече Тошковски

Toskovski.webp.webp

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера вечер се случи на патот Кичево-Гостивар во која за жал животот го загубија три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.


Тој упати апел до возачите.

„Да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула“, додаде тој.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на лице место на патот Кичево-Гостивар каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осум се повредени.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените.

Можете да прочитате

(Видео) Верниците го дочекаа Велигден во Охрид

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД