Утрински Весник
Македонија

Времето денеска: Сончево и топло со локална облачност

Prolet sneg ovoski 1.jpg
Dik 300x250 mk

Во земјава денеска ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11, а максималните ќе достигнат од 18 до 26 степени.


Во Скопје слично време, но ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 10, а максималните ќе достигнат до 25 степени.

За време на големиот христијански празник Велигден во недела ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а веќе од понеделник синоптичарите најавуваат облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

Прегазена жена во Ресен, пренесена е во болница со тешки повреди

На избирачки места било забрането фотографирање oд медиуми зошто имало доверливи материјали

Пијан седнал зад волан па удрил во столб пред кафеана – приведен кривопаланчанец